• сабота, 22 февруари 2025

Рамафоса: Јужна Африка е уставна демократија, не сме конфискувале никаква земја

Рамафоса: Јужна Африка е уставна демократија, не сме конфискувале никаква земја

Кејптаун, 3 февруари 2025 МИА) – Одговарајќи на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја прекине помошта за Јужна Африка поради наводното малтретирање на белите фармери, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека неговата земја е „уставна демократија, длабоко вкоренета во владеењето на правото, правдата и еднаквоста“.

- Јужноафриканската влада не конфискуваше никаква земја. Со нетрпение очекуваме да работиме со администрацијата на Трамп на нашите политики за земјишни реформи и прашања од билатерален интерес, напиша тој на X.

Рамафоса додаде дека иако САД се клучен стратешки политички и трговски партнер, тие не обезбедиле значителни финансиски ресурси за Јужна Африка, освен големата програма за помош во борбата против ХИВ. јт/

Остани поврзан