Работна средба на Комисијата за одбрана и безбедност со претставник на Министерството за одбрана на Израел
Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста, соопшти собраниската прес-служба.
Посебен акцент, како што посочуават, е ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.

- Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната и безбедносната поддршка, се вели во соопштението.

Претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, ја нагласи претходната соработка со Центарот за обука на пилоти, посочувајќи ги придобивките и значењето на оваа соработка за унапредување на одбранбените капацитети.
- Пратениците, во своите излагања, ја потенцираа суштинската важност на соработката со Државата Израел во областа на одбраната, како значаен елемент за зајакнување на националната и регионалната безбедност и стабилноста на Балканот, информира собраниската прес-служба. лв/фф/
фото: Собрание