Путин му ја честита победата на Лукашенко на претседателските избори
- Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Александар Лукашенко за неговиот реизбор за претседател на Белорусија.

Москва, 27 јануари 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Александар Лукашенко за неговиот реизбор за претседател на Белорусија.
- Убедливата победа на изборите јасно укажува на вашиот висок политички авторитет, како и на непобитната поддршка на населението за политиката што ја води Белорусија, рече Путин.
Како што изјави рускиот претседател, двајцата неодамна придонесоа многу за зајакнување на пријателските односи меѓу Москва и Минск.
Русија и Белорусија ќе продолжат тесно да соработуваат за зајакнување на нивната мултилатерална соработка, зголемување на ефикасноста на институциите во државата на Унијата и унапредување на заемно корисните интегративни процеси во евроазискиот простор, додаде Путин. јт/
Фото: МИА архива