• петок, 05 декември 2025

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија (ДПЛ)

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија (ДПЛ)

Москва, 8 ноември 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша укази за нови назначувања во Советот за безбедност и во Министерството за одбрана на Русија.

Генерал-полковник Андреј Булига, досегашен заменик-министер за одбрана, е назначен за заменик-секретар на Советот за безбедност.

На негово место, нов заменик-министер за одбрана станува генерал-полковник Александар Санчик, кој досега беше командант на Јужниот воен округ.

Путин е претседател на Советот за безбедност, а негов заменик е Дмитриј Медведев. Секретар на Советот е Сергеј Шојгу, кој во мај беше заменет на функцијата министер за одбрана од Андреј Белоусов.

Булига, кој има чин генерал-потполковник во руската армија, ја презеде функцијата заменик-министер за одбрана за логистика во март 2024 година. Тој стапи на должност еден месец пред почетокот на серијата судски процеси за корупција, кои предизвикаа голем јавен одглас. Повеќе од десет функционери беа приведени под обвиненија, меѓу кои злоупотреба на службена положба и примање поткуп.

Наспроти овие скандали, во мај 2024 година, Шојгу, кој долги години го предводеше Министерството за одбрана, беше назначен за секретар на Советот за безбедност. Во тоа време, кон Шојгу беа упатувани и остри критики поради начинот на кој се претставуваа руските сили при борбите во Украина. ссм/

фото: Википедија

 

Остани поврзан