• сабота, 22 февруари 2025

ПСЖ трет пат во својата историја непоразен 21 натпревар по ред

ПСЖ трет пат во својата историја непоразен 21 натпревар по ред

Париз, 8 февруари 2025 (МИА) - ПСЖ го победи Монако (4:1) во 21. коло во францускиот шампионат и ја продолжи серијата без пораз од почетокот на сезоната. 

Парижаните немаат претрпено ниту еден пораз од стартот на турнирот.

Парискиот тим успеа да го стори тоа по трет пат во својата историја. Ова се случи претходно во сезоните 1985/86 и 2015/16.

ПСЖ моментално е лидер на првенствената табела со 16 победи и 5 нерешени средби. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан