• недела, 11 јануари 2026

ПСЖ по изведување на пенали до Супер купот

ПСЖ по изведување на пенали до Супер купот

Кувајт, 9.јануари 2026 (МИА) – Европскиот првак ПСЖ по изведувањето на пенали успеа да триумфира во францускиот Супер куп против Олимпик Марсеј. Фудбалерите на ПСЖ славеа со 4:1 во пенал серијата, откако натпреварот заврши 2:2.

Со голот на најдобриот светски фудбалер Усама Дембеле во 13.минута ПСЖ поведе со 1:0. Но, Мејсон Гринвуд реализираше пенал за Олимпик во 76.минута за 1:1. Тимот од Марсеј поведе во 87.минута со 2:1 по автоголот на Вилијам Пачо, а на 2:2 изедначи Гонзало Рамош во 90+5 минута.

При изведувањето пенали фудбалерите на ПСЖ ги реализираа сите четири, кои и ги шутираа, додека кај Олимпик Марсеј од три пенали само еден беше реализиран. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан