• сабота, 22 февруари 2025

Пропаднаа преговорите за формирање коалициска влада во Австрија

Пропаднаа преговорите за формирање коалициска влада во Австрија

Виена, 12 февруари 2025 (МИА) – Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл денеска го врати мандатот за формирање влада на австрискиот претседател Александар ван дер Белен.

Кикл мандатот го врати откако пропаднаа коалициските разговори помеѓу ФПО и Австриската народна партија (ОВП).

Поради тоа Австрија сега се можни неколку сценарија: продолжување на преговорите за тројна коалиција, формирање експертска влада или нови избори.

Се очекува претседателот Белен во текот на денот да даде официјална изјава. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан