Промоција на поштенска марка за Ден на свесност за ретки болести - СМА
- Во Европска куќа во Скопје денеска ќе биде промовирана официјална поштенска марка за СМА – Ден за свесност за ретки болести.
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Во Европска куќа во Скопје денеска ќе биде промовирана официјална поштенска марка за СМА – Ден за свесност за ретки болести.
Настанот има цел подигање на јавната свест за ретките болести и поддршка на пациентите и нивните семејства.
Во рамки на програмата ќе биде прикажано промотивно видео со пациент, како и симболично откривање на официјалната поштенска марка посветена на СМА.лв/аа/
фото: МИА архива