Промоција на книга „Кривичен законик – временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од Владимир Панчевски
- Ова авторско стручно издание ги следи и ги анализира сите законски измени на Кривичниот законик од неговото донесување во 1996 година до денес, со јасен приказ на тоа кога секоја одредба стапува во сила, колку долго важи, дали е изменета, укината или заменета со понова верзија и каква правна последица има тоа во пракса.
Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Кривичен законик – временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од Владимир Панчевски.
Ова авторско стручно издание ги следи и ги анализира сите законски измени на Кривичниот законик од неговото донесување во 1996 година до денес, со јасен приказ на тоа кога секоја одредба стапува во сила, колку долго важи, дали е изменета, укината или заменета со понова верзија и каква правна последица има тоа во пракса.
Главниот фокус во стручното издание е на правилната примена на временското важење на казнените одредби и примената на поблаг закон (lex mitior), како една од основните гаранции за владеење на правото, еднаквост и заштита на правната сигурност на граѓаните.
Владимир Панчевски е долгогодишен практичар, поранешен судија и претседател на Кривичниот суд познат како Основен суд Скопје 1, со практично искуство од 30 години во примената на Кривичниот законик, кривичните санкции и уставно-судската пракса.
На промоцијата се предвидени излагања и стручни осврти од рецензентите на книгата: Ставре Џиков, д-р Бранко Секуловски, Лејла Кадриу и Михајло Маневски. сст/са/
Фото: илустрација