• петок, 21 февруари 2025

Пролонгирана исплатата на европски пари за Хрватска

Пролонгирана исплатата на европски пари за Хрватска

Загреб, 20 јануари 2025 (МИА) – Владата на Хрватска побара одложување на исплатата на 835,6 милиони евра од Механизмот за заздравување и отпорност, бидејќи сè уште не е донесена законската рамка која треба да ја редефинира и подобри работата на државните компании.

Хрватската Влада упати барање за исплата на 20 декември, но по барањето за одложување средствата ќе бидат исплатени во март.

Шестата транша според Механизмот требаше да изнесува 835,6 милиони евра и да послужи за исполнување на 26-те фази и реформски цели предвидени во Националниот план за закрепнување и отпорност. Хрватска досега повлече речиси 63 отсто од средствата од грантот, а вкупната сума се планира да биде 10 милијарди евра. Ова финансирање трае до 2026 година.

Нема причина за загриженост. И други земји-членки, исто така, претходно побараа одложувања. Владата има доволно време да ја усвои законската рамка во грејс периодот. Нацрт-правната рамка е на консултација со јавноста и очекуваме да биде усвоена до март, изјавија претставници на Европската комисија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан