• петок, 13 март 2026

Пролетна дератизација во општина Центар, се третираат 2.000 шахти против глодари

Пролетна дератизација во општина Центар, се третираат 2.000 шахти против глодари

Скопје, 10 март 2026 (МИА) – Општина Центар започна редовна пролетна дератизација на целата територија. Стручни екипи ќе третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари.

Општинската прес-службата денеска соопшти дека препаратот што се користи е селективен и сертифициран од овластен производител, специјално наменет за контрола на популацијата на глодари. 

- Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик. Целта ни е зачувување на здрава и чиста животна средина, истакна во пишана изјава градоначалникот  на Општина Центар Горан Герасимовски.

Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен, како важна превентивна мерка за планско намалување на популацијата на штетници и заштита на јавното здравје. лв/дма/

фото: Општина Центар 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан