• сабота, 21 февруари 2026

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на претседателот на Собранието, Гаши, во Вашингтон

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на претседателот на Собранието, Гаши, во Вашингтон

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Одличните билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете земји и заедничката посветеност за продлабочување на трансатлантската соработка беа потврдени на средбите што ги оствари претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамките на работната посета на Вашингтон.

Како што информира собраниската прес-служба. Гаши се сретна со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД.

- На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји, изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата и посветеноста на меѓународниот мир и стабилност. Соговорниците разменија мислења за актуелните геополитички настани, безбедносните предизвици и конструктивната улога на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во Западен Балкан. Претседателот Гаши информира за континуираните напори за полноправна интеграција во Европската Унија и изрази благодарност за континуираната поддршка на САД во процесот на реформите - се наведува во соопштението.

Гаши на средбата беше придружуван од потпретседателите на Собранието, Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и од владината делегација составена од министерот Стефан Андоновски, министерот Златко Пирински и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

По средбите во Вашингтон, претседателот на Собранието, Гаши, оствари пријателска средба и со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија и докажан пријател на земјата, со кого разговараа за неодамнешните политички настани и продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД. мч/дма/

Фото: Собрание на РСМ 

 

Остани поврзан