Пробошњачките партии во БиХ ја прекинуваат соработката со СНСД на Додик
- Владејачката коалиција во БиХ е на прагот на распаѓање две години по нејзиното формирање, откако партиите од пробошњачкиот политички блок одлучија да го прекинат овој сојуз со СНСД на Милорад Додик, чии претставници денеска не поддржаа два европски закони, додека ХДЗ БиХ и српските опозициски партии ги поддржаа.

Сараево, 23 јануари 2025 (МИА) - Владејачката коалиција во БиХ е на прагот на распаѓање две години по нејзиното формирање, откако партиите од пробошњачкиот политички блок одлучија да го прекинат овој сојуз со СНСД на Милорад Додик, чии претставници денеска не поддржаа два европски закони, додека ХДЗ БиХ и српските опозициски партии ги поддржаа.
На вонредната седница на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево беа донесени два закони за заштита на личните податоци и гранична контрола, кои Европската комисија ги постави како еден од предусловите за отворање на преговорите за членство со Босна и Херцеговина.
СНСД се воздржа од гласање, а законите беа донесени благодарение на поддршката на партиите на пробошњачката тројка, која ја сочинуваат СДП БиХ, Нашата партија и Народ и правда, и водечката хрватска партија ХДЗ БиХ, како и опозициските српски партии. рп/
Фото: МИА архива