• сабота, 14 март 2026

Притвор од 30 дена за 24-годишно лице од скопско Студеничани по пронајдени мигранти

Притвор од 30 дена за 24-годишно лице од скопско Студеничани по пронајдени мигранти

Неготино, 11 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи - Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај - Неготино, вчера во близина на клучка Неготино, лишија од слобода 24-годишно лице од село Студеничани, скопско. Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Михајлово дале знак за запирање, но, лицето не застанало и по преземени мерки, возилото е присилно запрено. Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица - мигранти од Египет, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Mигрантите се сместени во Прифатно - транзитен центар - Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Додека, против возачот е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР. свд/вј/

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан