Прилепчанец обвинет за одземање пари од манастирот во Неготино
- Прилепчанец бил обвинет за одземање пари од манастирот во Неготино, по што бил лишен од слобода.
Неготино, 16 декември 2025 (МИА) - Прилепчанец бил обвинет за одземање пари од манастирот во Неготино, по што бил лишен од слобода.
-Вчера во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР - Неготино од слобода е лишен М.А., 44-годишник од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу девет часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Неготино. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. свд/вј/
Фото: МИА архива