Приведен бегалец од затвор кај граничниот премин „Богородица“
- Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“.

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Бегалец од затвор бил приведен близу граничниот премин „Богородица“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа во 21:30 часот на автопат А1 во близина на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Гевгелија го лишиле од слобода З.В., на возраст од 43 години од Штип. Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“. Бил баран по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа „Затвор - Штип“, појаснуваат оттаму.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Штип“ за доиздржување на две години и пет месеци од казната. бд/са/
Фото: МИА архива