Приведен 47-годишник во Скопје, баран по потерница
- Тој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд - Скопје, за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје, 8 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при Секторот за внатрешни работи - Скопје, денеска во 15:20 часот во населбата Илинден, го лишиле од слобода 47-годишниот З.Т. од оваа населба, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд - Скопје, за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Како што потенцираат од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната. бд/вг/
Фото: МИА архива