При израелските напади врз Појасот Газа загинаа 11 луѓе
- Болниците во Појасот Газа денеска примија шест повредени лица и 11 безживотни тела, кои загинаа во денешниот напад на израелската армија (ИДФ), соопшти палестинското Министерство за здравство во палестинската енклава, која е под контрола на Хамас
Газа, 21 јануари 2026 (МИА) – Болниците во Појасот Газа денеска примија шест повредени лица и 11 безживотни тела, кои загинаа во денешниот напад на израелската армија (ИДФ), соопшти палестинското Министерство за здравство во палестинската енклава, која е под контрола на Хамас.
Палестинските медиуми објавија дека жена и дете се убиени во близина на Кан Јунис, јужниот дел од Појасот Газа. Додека во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата загинале тројца членови на едно семејство, а во бегалскиот камп Буреи, централна Газа убиени се тројца браќа. Исто така објавија дека при напад на израелската армија во ал Захра, централниот дел од енклавата, убиени се тројца египетски новинари.
ИДФ сè уште не ги коментираше наводите на палестинските медиуми. ми/сд/
фото: ДПА