Скопје, 10 јануари 2026, (МИА)
Претстојни електрични возила
Акура РСХ (2026)

Фото: Youtube
Акура го враќа името РСХ како електричен кросовер. Моделот ќе користи нова електрична платформа на Хонда и ќе биде фокусиран на спортско чувство во комбинација со секојдневна практичност.
Афила 1 (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: 483 коњски сили
Досег: 480 км
Цена: $102.900 / $89.900 (во зависност од пакетот за опрема)
Афила 1 е електрична лимузина создадена од партнетство помеѓу Сони и Хонда. Фокусот е ставен на автономни системи и дигитално искуство, со минималистички, но футуристички ентериер.
Алфа Ромео Џулиа ЕВ (2028)

Фото: ЕПА
Моќност: ~350 кс (основна верзија), ~800 кс (Велоче), ~1000 кс (Квадрифолио)
Досег: до 800 км
Електричната Џулиа ќе нуди повеќе верзии, основна, Велоче и Квадрифолио.
Алфа Ромео Стелвио ЕВ (2027)

Фото: ЕПА
Електричниот Стелвио ќе ја задржи спортската днк на брендот, но во форма на модерен џип. Моделот ќе биде наменет за глобалниот пазар и ќе биде целосно електричен.
Алпин А390 (околу 2030)

Фото: ЕПА
Моќност: ~470 коњски сили
Алпин планира целосна електрична гама со јасен фокус на спортско возење. А390 Фастбак ќе биде еден од првите модели, комбинирајќи перформанси и препознатлив француски дизајн.
Ауди ТТ (2028)

Фото: Youtube
Ауди го враќа TT како целосно електричен спортски автомобил. Новиот модел ќе биде поагресивен и помоќен од претходните генерации, но ќе ја задржи компактноста и возачкото искуство.
БМВ И3 и ИМ3 (2027)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: ~400 коњски сили / над 600 коњски сили (ИМ3)
Досег: ~640 км
Новиот електричен БМВ И3 всушност е електрична серија 3 лимузина со модерен дизајн и значително подобрен досег во споредба со претходниот И3. БМВ ИМ3 ќе биде првиот целосно електричен M модел. Целта е да се задржи спортското возачко искуство по кое е познат M одделот.
БМВ ИХ3 (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: 463 коњски сили
Батерија: 109 кВ/ч
Досег: ~640 km
ИХ3 доаѓа со целосно нов дизајн, напреден ентериер и фокус на ефикасност, без компромис во перформансите.
БМВ ИХ5 (2027)

Фото: принт скрин Youtube
Електричната верзија на X5 ќе користи нова генерација батерии со подобра енергетска густина, насочена кон поголема ефикасност и подобар досег.
Шевролет Болт (2026)
Моќност: 210 коњски сили
Батерија: 65 кВ/ч
Досег: ~410 км
Цена: $28.995
Крајслер Ерфлоу (2027)

Фото: ЕПА
Досег: ~640 км
Овој модел ќе биде клучен чекор за Крајслер кон целосна електрификација, со фокус на комфор, технологија и автономно возење.
Ферари Елетрика (2026)
Моќност: ~1000 коњски сили
Батерија: 122 кВ/ч
Првото целосно електрично Ферари. Се очекува да биде во форма на џип, слично на постоечкиот Пјуросангуе.
Форд електричен средно голем пикап (2027)
Цена: околу $30.000
Форд подготвува подостапен електричен пикап со фокус на практичност и простор, наменет за поширок круг купувачи.
Џенесис ГВ60 Магма (2026)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: до 641 коњски сили
ГВ60 Магма ја претставува спортската страна на Џенесис, со подобрена суспензија и перформанси блиски до вистински спортски автомобили.
Џенесис ГВ90 (2026)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: ~500 коњски сили
Досег: ~400 км
ГВ90 ќе биде најлуксузниот електричен џип на Џенесис, со пространа кабина и нагласен фокус на комфор.
Хонда 0 (2026)

Фото: ЕПА
Досег: ~480 km
Новиот електричен модел на Хонда ќе биде достапен како седан и како џип.
Хјундаи Ионик 6 Н (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: 650 коњски сили
0–100 км/ч: 3,2 секунди
Цена: околу $60.000
Ионик 6 Н е електричен спортски седан со агресивна аеродинамика и перформанси кои се блиску до вистински спортски автомобил. Располага со 650 коњски сили, но во нормална употреба се достапни 609, со притискање на копче “Буст”, се “отклучува” вкупната моќ од 650 коњски сили за 10 секунди.
Јагуар ГT ЕВ (2026)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: до 986 коњски сили
Досег: околу 700 км
Цена: над $100.000
Јагуар целосно се ребрендира како луксузен производител на електрични возила. Првиот модел ќе биде голема лимузина со драматичен дизајн инспириран од концептот Тајп 00.
Џип Вранглер ЕВ (2028)

Фото: ЕПА
Џип подготвува целосно електричен Вранглер, инспириран од Магнето концептот. Задржана е класичната оф-роуд форма, но со електричен погон.
Џип Рекон (2026)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: 650 коњски сили
Батерија: 94 кВ/ч
Досег: ~400 км
0–100 км/ч: ~3,6 секунди
Рекон е електричен Џип ориентиран кон вистински оф-роуд, со отстранливи врати и покрив, електронско заклучување на диференцијал и 33 инчни гуми. Иако не е директен Вранглер ЕВ, нуди сериозни теренски способности.
Киа ЕВ3 (2026)

Фото: ЕПА
Батерија: 81,4 кВ/ч
Досег: до 560 км
0–100 км/ч: ~7,5 секунди
Цена: околу $30.000
ЕВ3 е компактен електричен џип. Стандардно доаѓа со погон на предните тркала, а подоцна се очекуваат и верзии со погон на 4 тркала.
Ламборгини Ланзадор (2029)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: 1341 коњски сили
Цена: над $300.000
Ланзадор е електричен 2+2 гранд турер со подигната каросерија, комбинирајќи елементи од Урус и Хуракан Стерато. Два електромотори, по еден на секоја оска, ветуваат екстремни перформанси и типично Ламборгини искуство.
Рејнџ Ровер ЕВ (2026)

Фото: ЕПА
Првиот електричен Рејнџ Ровер ќе изгледа речиси идентично со бензинската верзија, но ќе нуди целосно електричен погон. Моделот е дизајниран со оф-роуд способности во преден план, без компромис во луксузот.
Лексус ЛФА ЕВ (2029)
Фото: ЕПА
Моќност: ~1000 КС
Досег: до 700 км
Новиот ЛФА ќе биде врвниот електричен суперавтомобил на Лексус. Лексус размислува и за симулиран мануелен менувач слично како во Хјундаи Ионик 5Н, со цел да го задржи возачкото чувство од оригиналниот ЛФА.
Лексус ТЗ (2027)

Фото: принт скрин од Youtube
Лексус подготвува електричен џип со три реда седишта, како електрична алтернатива на бензинскиот ТХ. Моделот ќе дели платформа со Тојота и ќе биде ориентиран кон семејна и луксузна употреба.
Лексус ЕС ЕВ (2026)

Фото: принт скрин од Youtube
EС350e: 221 коњски сили, 482 км досег, 0–100 км/ч: 8,9 секунди
EС500e: 338 коњски сили, погон на 4 тркала, 0–100 км/ч: 5,9 секунди
Лексус ЕС за првпат ќе нуди целосно електрична верзија, задржувајќи ја репутацијата за комфор и тивко возење, но со значително подобрени перформанси.
Лотус Тајп 135 (2027)
Моќност: ~1000 КС
Наследникот на Емира ќе биде лесен електричен спортски автомобил, изграден на новата ЛЕВА платформа. Проектот моментално е паузиран додека Лотус ја проценува побарувачката за електрични спортски автомобили.
Луцид “Earth” (2026)
Цена: околу $48.000
Луцид подготвува подостапен средноголем џип, со дизајн инспириран од Ер и Гравити. Производството ќе се одвива во Саудиска Арабија, а моделот ќе биде дел од нова ЕВ платформа.
Мерцедес Бенц ГЛЦ ЕВ (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: 369 коњски сили (погон на задни тркала) / 483 коњски сили (погон на 4 тркала)
Батерија: 94 кВ/ч
Досег: ~600 км
Мерцедес АМГ ГT XX EВ (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: 1341 коњски сили
Макс. брзина: 358 км/ч
Мерцедес Бенц ГЛБ ЕВ (2026)
Моќност: 268 коњски сили (заден погон), 349 коњски сили (погон на 4 тркала)
Досег: до 535 км
ГЛБ ЕВ го заменува “EQB”, задржувајќи ја практичната коцкаста форма и нудејќи голем екран кој се протега низ целата инструмент табла во кабината.
Мицубиши Ланцер ЕВ (2026)
Моќност: 214 коњски сили
Досег: до 487 км
Нисан Екстера ЕВ (2028)
Електричен џип со коцкаст дизајн, инспириран од оригиналниот Екстера.
Полстар 5 (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: 738–872 коњски сили
Батерија: 106 кВ/ч
Досег: ~482–531 км
Цена: над $100.000
Луксузна спортска лимузина наменета за ривалство со Тесла Модел С и Порше Тајкан.
Порше 718 Кајман и Бокстер ЕВ (2027)
Порше Кајен ЕВ (2026)
Моќност: 435 коњски сили / 1139 коњски сили (Турбо верзија)
0–100 км/ч: 2,4 сек.
Батерија: 108 кВ/ч
Ривиан Р2 (2026)
Цена: околу $45.000
Досег: над 482 км
Покомпактен Ривиан џип со повеќе погонски опции, вклучувајќи верзија со три електро мотори со 0–100 км/ч под 3 секунди.
Ривиан Р3 / Р3X (2027)

Фото: ЕПА
Цена: под $40.000
Субкомпактни ЕВ модели со практични решенија и спортска Р3X верзија.
Субару Трејлсикер (2026)

Фото: ЕПА
Моќност: ~375 коњски сили
Досег: 450 км
Цена: $41.445
Поголема и пооф-роуд ориентирана верзија на Солтера.
Субару Анчартед (2026)

Фото: принт скрин од Youtube
Моќност: 221 коњски сили (преден погон), досег од 482 км / 338 коњски сили (погон на 4 тркала), 0–100 км/ч за помалку од 5 сек.
Цена: $36.445
Електричен кросовер базиран на Тојота Ц-ХР.