Претседателските избори во Габон закажани во април
- Во Габон на 12 април ќе се одржат претседателски избори, соопшти воената хунта која е на власт по воениот удар од август 2023 година

Либервил, 23 јануари 2025 (МИА) – Во Габон на 12 април ќе се одржат претседателски избори, соопшти воената хунта која е на власт по воениот удар од август 2023 година.
Уставниот суд на Габон треба да одобри контроверзен закон со кој воените лица ќе можат да се кандидираат на сите избори во земјата.
Со тоа генералот Брису Клотеру Олигуи Нгуеми, кој го предводеше воениот удар при што е соборен поранешниот претседател Али Бонго Ондимба, ќе може да се кандидира на претседателските избори.
Уставот на Габон, кој е усвоен на референдум во ноември минатата година, предвидува претседателскиот мандат да трае седум години, со можност за уште еден реизбор. ми/
фото: Википедија