• сабота, 22 февруари 2025

Претседателот на Либан ја повика ЕУ да изврши притисок врз Израел за навремено повлекување од либанските територии

Претседателот на Либан ја повика ЕУ да изврши притисок врз Израел за навремено повлекување од либанските територии

Бејрут, 12 февруари 2025 (МИА) - Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска во претседателската палата во Бејрут се сретна со португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел, јавија либанските медиуми.

Аун ја повика Европската унија да изврши притисок врз Израел да го заврши своето повлекување од либанските територии до крајниот рок до 18 февруари.

Либанскиот претседател ја потврди поддршката на Либан за Арапската мировна иницијатива, нагласувајќи дека Бејрут ги отфрла сите предлози што би можеле да доведат до раселување на Палестинците од нивната земја или да ги поткопаат нивните легитимни права утврдени во резолуциите на ОН. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан