Преку проект на Југозападниот плански регион обезбедена опрема за охридски „Водовод“
- Станува збор за два режачи за пилинг и еден електричен ударен чекан, опрема што треба да придонесе за континуирано, сигурно и квалитетно водоснабдување за граѓаните на Општина Охрид, преку побрзо и поефикасно отстранување на дефектите во водоводната мрежа.
Охрид, 5 февруари 2026 (МИА) – Центарот за развој на Југозападен плански регион преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, обезбеди опрема за потребите на Јавното претпријатие „Водовод“ Охрид.
Станува збор за два режачи за пилинг и еден електричен ударен чекан, опрема што треба да придонесе за континуирано, сигурно и квалитетно водоснабдување за граѓаните на Општина Охрид, преку побрзо и поефикасно отстранување на дефектите во водоводната мрежа.

Со набавката на опремата се унапредува ефикасноста во управувањето со системот, се намалува времето на интервенција и се овозможуваат поквалитетни услуги за граѓаните, се наведува во образложението.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, а го реализираше Центарот за развој на Југозападен плански регион. аб/са/
фото/ЈПР