Прекинато водоснабдување на улицата Георги Поп Христов поради дефект
- Корисниците ќе немаат вода за пиење, како што се појаснува во соопштението, до завршување на работните активности.
Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Поради водоводен дефект на улицата Георги Поп Христов, прекинато е водоснабдувањето за корисниците на оваа улица, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Корисниците ќе немаат вода за пиење, како што се појаснува во соопштението, до завршување на работните активности. бд/дма/
Фото: МИА архива