Прекин во водоснабдувањето на улиците Лазо Москов и Тале Христов
- Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Поради дефект на парковска мрежа Ф 2½ цола на улицата Лазо Москов број 4, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од улиците Лазо Москов и Тале Христов.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Санацијата на дефектот ќе ја вршат екипи на ЈП „Паркови и зеленило“. дма/
Фото: МИА архива