• понеделник, 15 декември 2025

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. 

Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов.  

- Предлогот е доставен до пратениците. Ќе видиме утре дали ќе се дополни дневниот ред или ќе го предложиме ние како Кабинет до пратениците. Но, најверојатно утре ќе биде на седница на дневен ред. Ако денеска ја ставиме и го дополниме дневниот ред, ќе го известиме и ќе побараме да присуствува. Ќе гледаме порано да организираме денеска во текот на денот за да може да дојде утре. Како што се определени роковите по Деловник и закон, веднаш ќе постапиме. За нас како држава е многу битно што побргу да избереме јавен обвинител. Ќе постапиме по роковите кои се определени по законот и Деловникот, рече Гаши.

Посочи дека до крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања. 

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет фф/са/ 

Фото:МИА

Остани поврзан