Првиот ирански носач на беспилотни летала се приклучи на флотата на Револуционерната гарда
- Корпусот на иранската револуционерна гарда го претстави првиот ирански брод носач на беспилотни летала што може да лансира дронови и хеликоптери од морето, објавија денеска ирански медиуми.

Техеран, 6 февруари 2025 (МИА) - Корпусот на иранската револуционерна гарда го претстави првиот ирански брод носач на беспилотни летала што може да лансира дронови и хеликоптери од морето, објавија денеска ирански медиуми.
Во услови на воени вежби кои траат од почетокот на јануари до почетокот на март, иранските вооружени сили открија ново оружје, пишуваат западни медиуми.
Командантот на морнарицата на Револуционерната гарда Алиреза Тангсири изјави дека приклучувањето на носачот на беспилотни летала во иранската флота е важен чекор во зголемувањето на одбранбените и одвраќачките способности во далечните води.
„Шахид Бехешти“ е поранешен трговски брод кој е опремен со писта од 180 метри и е способен да работи без полнење гориво до една година. ссм/
фото: ЕПА архива