Прв телефонски разговор Путин - Шара
- Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал Шара за руско-сириската соработка, соопшти Кремљ

Москва, 12 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал Шара за руско-сириската соработка, соопшти Кремљ.
Тоа е прв телефонски разговор на Путин со Шара, при што шефот на руската држава ја потврди подготвеноста на Москва да и помогне на новата власт во решавање на социоекономските проблеми во Сирија, вклучително и пружање на хуманитарна помош.
Сириските бунтовници, предводени од Шара на 8 декември 2024 година го соборија Асад. Шара ја предводеше исламистичката вооружена група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) пред да стане привремен претседател на Сирија. ХТС сè уште е на американската листа на терористички организации, иако ги прекина врските со Ал Каеда во 2016 година. ми/