Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија
- Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8.са/дма/
Фото: МИА