• сабота, 21 февруари 2026

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Давос, 20 јануари 2026 (МИА) - Официјалната програма на Светскиот економски форум почнува денеска во Давос.

На денот на отворањето говори ќе имаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател, Емануел Макрон, и кинескиот вицепремиер, Хе Лифенг.

Дополнително, планирани се настани со американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, и извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела.

Годишниот состанок е во сенка на изразената желба на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд.

Трамп се очекува во Давос утре и е предвидено да одржи и говор.

Речиси 3.000 учесници до четврток се собираат во швајцарскиот алпски град за состанокот со цел да разговараат за глобалната економија, трговијата и за вештачката интелигенција (ВИ) под мотото „Дух на дијалог“.

Меѓу нив се многубројни врвни политичари, како што е германскиот канцелар Фридрих Мерц, и стотици корпоративни лидери. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан