• петок, 20 февруари 2026

Почна фестивалот Шиваратри во Непал, кога забраната за пушење марихуана не важи

Почна фестивалот Шиваратри во Непал, кога забраната за пушење марихуана не важи

Катманду, 16 февруари 2026 (МИА) - Неколку десетици илјади верници се собраа денеска во главниот град на Непал, Катманду, за да го одбележат хиндуистичкиот фестивал Шиваратри, кога - и покрај законската забрана, употребата на канабис деновиве е дозволена во чест на богот Шива.

Верниците се собраа во храм посветен на хиндуистичкото божество, каде што искажуваа молитви и религиозни песни, додека намачкани со пепел, јавно консумираат марихуана. Употребата на канабис, инаку, е забранета во Непал и се казнува со затвор до еден месец за корисниците или до 10 години за дилерите, но традиционално се толерира за време на фестивалот, со оглед на тоа што и Шива честопати е прикажуван како аскет кој консумира канабис.

Голем број верници, претежно млади, пристигнаа и од соседна Индија, заради верскиот празник и прославата со употреба на опојната супстанција.

Непал беше познат по легалната продажба на марихуана и други дроги во 1960-тите, кога хипиците се собираа во земјата на Хималаите - продавниците и чајџилниците, на пр. отворено рекламирале и продавале канабис. Но, сѐ тоа е забрането во 1976 година. си/рп/

 

Остани поврзан