• сабота, 21 февруари 2026

Почна производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево, објави српската министерка за енергетика

Почна производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево, објави српската министерка за енергетика

Белград, 18 јануари 2026 (МИА) - Производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево почна денеска, а првиот евродизел ќе биде на пумпите од 27 јануари, објави министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

„По пауза од речиси два месеца, производството на нафтени деривати во Рафинеријата во Панчево започна денеска! Речиси 2.000 вработени работат на производството, а евродизелот ќе биде достапен на пумпите од 27 јануари“, објави Ѓедовиќ Хандановиќ на социјални мрежи.

Таа истакна дека е горда на фактот што ветувањето дадено на граѓаните е исполнето. зш/

Остани поврзан