• сабота, 16 мај 2026

Почна изградба на улица во Романовце, кумановско

Почна изградба на улица во Романовце, кумановско

Куманово, 30 април 2026 (МИА) - Почна изградбата на улица во кумановското село Романовце, информираа денеска надлежните од Општината. Станува збор за улица во должина од над 300 метри, за која општината издвои речиси два милиони денари.

-Започнавме со подготовка за изградба на улица во село Романовце во должина од над 300 метри- изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Романовце, кое се наоѓа во непосредна близина на Куманово, има околу три илјади жители, а жителите подолг период бараа изградба на ваква инфраструктура во населеното место. ам/вј/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан