Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
- Граѓанската група Алтернатива, организатор на бојкотот за купување во Црна Гора, ги повика граѓаните денеска и утре да не одат во големите супермаркети, за да ги принудат нивните сопственици да ги намалат цените.

Подгорица, 7 февруари 2025 (МИА) - Граѓанската група Алтернатива, организатор на бојкотот за купување во Црна Гора, ги повика граѓаните денеска и утре да не одат во големите супермаркети, за да ги принудат нивните сопственици да ги намалат цените.
-Ги повикуваме сите граѓани на Црна Гора да не купуваат ништо во мегамаркетите на 7 и 8 февруари. Ако мора да набавите основни намирници, купете ги на мали, локални пазари. Да ги поддржиме оние кои се со нас, а не оние кои не ограбуваат! Ова е гласот на народот, напишаа на Фејсбук.
Најавија дека в понеделник ќе донесат одлука кој трговски синџир ќе го бојкотираат седум дена.
-Одлуката ќе ја донесат граѓаните преку анкета, стои во објавата на Алтернативата на Фејсбук. мс/
фото: МИА архива