Потпишан договор за инклузија на деца Роми во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Во Клубот на пратеници – Скопје вчера се потпиша договор за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, информираат од локалната самоуправа.
Кочани, 25 ноември 2025 (МИА) - Во Клубот на пратеници – Скопје вчера се потпиша договор за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, информираат од локалната самоуправа.

-Со овој договор во Детската градинка „Павлина Велјанова“, во учебната 2025/26 година ќе бидат згрижени деца Роми, од 3 до 6 години во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“, се наведува соопштението од Општината.
Општина Кочани, се додава, стои цврсто зад вредностите на еднаквост, инклузија и достоинство. ис/вј/
Фото: Општина Кочани