• понеделник, 16 март 2026

Потпишан договор за доградба на ООУ „Панајот Гиновски“ во Бутел 2

Потпишан договор за доградба на ООУ „Панајот Гиновски“ во Бутел 2

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска го потпиша договорот со Министерството за образование и наука, за доградба на општинското основно училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел 2, информираат од локалната самоуправа.

ООУ „Панајот Гиновски“, како што велат, е дел од проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП).

-Договорот предвидува доградба на училиштето на површина од 400 квадратни метри што се состои од четири училници, два санитарни јазли, ходник и поврзување со постоечкиот објект. Локалната самоуправа по 56 години изврши реконструкција на фасадата и ќе преземе активности за реконструкција на училишната спортска сала, посочуваат од Општина Бутел.

Нагласуваат дека реализирањето на проектите во ООУ „Панајот Гиновски“ ќе обезбеди услови за транзиција од двосменска во едносменска организација на наставата.

Потсетуваат дека во населеното место Бутел 2 се гради нова детска градинка – капитален проект за подобрување на условите и подигнување на квалитетот за згрижување и воспитување на најмладите жители.вј/са/

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан