Потер: Отказот од Челси е најдоброто нешто што ми се случило
- Менаџерот на Вест Хем, Греам Потер даде интересна изјава во пресрет на гостувањето против неговиот поранешен клуб Челзи во понеделник

Лондон, 2 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Вест Хем, Греам Потер даде интересна изјава во пресрет на гостувањето против неговиот поранешен клуб Челси во понеделник.
-Не сакав да ја загубам работата во Челзи. Но, гледајќи го од оваа перспектива, можеби е најдоброто нешто што ми се случило, вели тренерот.
Англискиот стручњак рече дека нема лоши чувства кон „сините“.
-Знам дека фудбалскиот живот е полн со подеми и падови. Можеби во следните 10-20 години ќе постигнам одлични резултати токму затоа што тоа искуство ми помогна да напредувам. На тоа гледам како на период на учење и немам ништо против нив, имам уште многу пријатели таму“, изјави стратегот и додаде: „Сега сум фокусиран исклучиво на Вест Хем и односот што го градам со овој прекрасен клуб и неговите навивачи. Работиме напорно, многу горди и возбудени за иднината“.
Поранешниот шеф на Брајтон го водеше тимот на „Стемфорд Бриџ“ во 31 меч, забележувајќи 12 победи, осум нерешени и 11 порази. Овој биланс резултираше со негово разрешување по неполни седум месеци.
Потер ја презеде челната позиција на „чеканите“ на 9-ти јануари оваа година, на местото на Хулен Лопетеги.
Во досегашните четири натпревари од Премиер лигата освоија четири бода, а Вест Хем моментално се наоѓа на 14. место на табелата. дс
Фото: Архива