• сабота, 10 јануари 2026

Последен извештај од 20:30: Сообраќај во зимски услови, сите патишта се проодни

Последен извештај од 20:30: Сообраќај во зимски услови, сите патишта се проодни

И З В Е Ш Т А Ј                                                          

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни  коловози.Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка, а во Македонски Брод, Крушево и Ресен има слаби врнежи од снег со дожд.
Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие во својот последен извештај од 20 и 30 часот.

 

 

Остани поврзан