• петок, 20 февруари 2026

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба

Сеул, 16 јануари 2026 (МИА) - Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, денеска е осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба во земјата кон крајот на 2024 година.

Тоа е прва пресуда во осумте казнени постапки што се водат против Јун. Тој е осуден и по други обвиненија, вклучително и давање отпор при приведувањето. Најтешкото обвинение, за кое се води посебна постапка, е предводење бунт, за што е предвидена и смртна казна.

Јун беше отповикан, приведен и сменет од претседателската функција откога во декември 2024 година воведе вонредна состојба, што предизвика масовни протести.

Поранешниот јужнокорејски претседател тврди дека не планирал земјата долго време да биде под воена управа, туку неговиот декрет бил наменет „само за информирање на народот за опасноста од либерално контролираниот парламент, кој ја опструирал неговата агенда“.

Според истражителите, декретот бил обид за зајакнување на неговата власт. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан