Пораз на Ѓорческа во второто коло на ИТФ фјурсот во Тунис
- Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во мечот од второто коло на ИТФ фјучрсот од рангот W50 во тунискиот град Ла Марса.

Ла Марса, 23 јануари 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во мечот од второто коло на ИТФ фјучрсот од рангот W50 во тунискиот град Ла Марса.
Поуспешна од Лина во два сета денес беше полската тенисерка Линда Климовицова со 2:0 (6:4 и 6:1). Тенисерката од Полска имаше повеќе брејк шанси во мечот и искористи пет од девет прилики, додека Ѓорческа имаше само еден брејк од четири прилики. Во вкупниот број поени скорот беше 64:46 за победничката.
Во првиот сет Климовицова поведе со 5:2 во гемови, но македонската тенисерка направи брејк и намали на 5:4, но не успеа да стигне до изедначување. Во вториот сет полската тенисерка ја искористи подобрата игра и дојде до предност, а голема борба имаше во последниот гем кога беа одиграно 10 поени.
Ѓорческа за следната недела е пријавена за настап на турнирот W75 во францускиот град Андрезио-Бутеон. зс/
Фото: ЕПА