Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина
- Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница
Варшава, 23 декември 2025 (МИА) – Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.
Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс.
Полската армија посочи дека преземените мерки се превентивни и имаат за цел да го заштитат воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените региони. ми/
фото: МИА архива