• понеделник, 12 јануари 2026

Околу 35.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по нападот со руски дронови

Околу 35.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по нападот со руски дронови

Киев, 12 јануари 2026 (МИА) - Околу 35.000 домаќинства во регионот Одеса останаа без струја по нападот со руски дронови, објави украинскиот снабдувач со енергија ДТЕК, цитиран од ДПА, опишувајќи ја штетата како сериозна.

Во пристанишниот град Одеса, нападите погодија инфраструктурен објект и станбена зграда, објави претседателот на Воената администрација на градот Одеса, Сергеј Лисак, на Телеграм. Според него, две лица се повредени.

Поради интензивните воздушни напади во последните денови, практично нема електрична енергија во главниот град Киев, како и во Днепар, Одеса и други украински градови. Како резултат на тоа, греењето и снабдувањето со вода се исто така нарушени.

Ситуацијата е комплицирана од студот, при што температурата ноќе паѓа на минус 18 степени.

Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили соопштија дека пресретнале 135 од вкупно 156 руски дронови во текот на ноќта. Иако нападот бил помал отколку во претходните недели, регистрирани се 18 погодоци. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан