• понеделник, 12 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пол-позиција за Верстапен на Големата награда на Саудиска Арабија

Пол-позиција за Верстапен на Големата награда на Саудиска Арабија

Џеда, 19 април 2025 (МИА) - Мекларен продолжува да доминира во новата сезона во Формула 1, но пол-позицијата за неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија ја освои светскиот шампион Макс Верстапен во Ред Бул со фантастично возење во третиот дел од кавалификациите со време од 1:27.294 минути.

Оскар Пјастри во Мекларен стартува од првиот ред со Верстапен (+0,010), но неговиот тимски колега Ландо Норис направи страшна грешка во квалификациите, удри во оградата, го загуби левото тркало и изгуби време, па заврши на 10-то место!

Џорџ Расел вози одлична за Мерцедес оваа сезона, откако ќе стартувајќи трет во Џеда (+0,113) со големи шанси повторно да се најде на подиумот. Шарл Леклер е четврти со Ферари, Кими Антонели стартува петти во Мерцедес, Карлос Саинц во Вилијамс е шести, Луис Хамилтон во Ферари е седми, Јуки Цунода во Ред Бул е осми, Пјер Гасли во Алпин е деветти.

Макс Верстапен победи на две од последните три трки во Џеда и денеска потврди дека оваа патека му одговара. дс

Фото: Архива

Остани поврзан