Полицијата привела жител на неготинско Тимјаник, кој во алкохолизирана состојба се однесувал недолично во казино
- Полицијата утрово привела жител на неготинското село Тимјаник, кој во алкохолизирана состојба се однесувал недолично во казино.
Неготино, 29 ноември 2025 (МИА) - Полицијата утрово привела жител на неготинското село Тимјаник, кој во алкохолизирана состојба се однесувал недолично во казино.
-Денеска во 3:20 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го привеле А.С., 36-годишник од неготинското село Тимјаник, затоа што истиот во казино во Неготино недолично се однесувал, а по преземени мерки, констатирано било дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,69 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/вј/
Фото: МИА архива