• петок, 23 јануари 2026

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Пожарот во близина на Тутунскиот комбинат е локализиран. Избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница. Причинета е материјална штета, но за среќа нема повредени лица. 

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила. 

- Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална штета, нема повредени лица, вели Томевски.

Чадот од пожарот можеше да се види од повеќе делови од градот. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан