Пожар во рафинерија во Волгоградскиот регион по напад на украински дронови
- Пожар избувна во нафтена рафинерија во регионот Волгоград во Русија, откако паднаа остатоците од украинските дронови соборени од руските сили за воздушна одбрана, кои во меѓувреме се изгаснати, соопшти шефот на регионот Андреј Бочаров.

Москва, 31 јануари 2025 (МИА) - Пожар избувна во нафтена рафинерија во регионот Волгоград во Русија, откако паднаа остатоците од украинските дронови соборени од руските сили за воздушна одбрана, кои во меѓувреме се изгаснати, соопшти шефот на регионот Андреј Бочаров.
Според него, во пожарот е повреден еден работник во рафинеријата кој е хоспитализиран, пренесуваат руските медиуми.
Бочаров изјави дека руската воздушна одбрана синоќа уништила осум украински дронови во регионот на Волгоград.
-Руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 49 украински дронови во седум региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
Се прецизира дека 25 украински дронови се уништени над територијата на Ростовската област, осум над територијата на регионот на Волгоград и шест над територијата на областа Курск.
Се наведува и дека четири дронови биле пресретнати над територијата на Јарославската област и по два на територијата на Белгород и Воронеж и Краснодарската област. мс/
фото: Принтскрин/„Х“