• среда, 15 април 2026

Пожар во близина на Солун - затворен автопат кон Атина и во двата правци

Пожар во близина на Солун - затворен автопат кон Атина и во двата правци

Атина, 26 март 2026 (МИА) – Од безбедносни причини, поради густиот чад од пожарот што избувна кај солунското предградие Халастра, во западниот дел на градот, во близина на патарините Малгара, автопатот Солун – Атина вечерва е затворен за сообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција информираа пожарот гори сува трева во областа Халастра кај Солун, а интервенираат 30 пожарникари, два пешадиски тима и десет возила.

Според локалните медиумите, во непосредна близина нема населени места, а одлуката да се затвори конкретниот дел од автопатот била донесена и за безбедноста на возачите поради густиот чад и за да се олесни работата на пожарникарите. ср/јт/

Фото: Архива

Остани поврзан