Повозрасна кавадарчанка измамена за пет илјади евра од лажен лекар
- Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена, појаснија од СВР - Велес.
Кавадарци, 6 март 2026 (МИА) - Повозрасна кавадарчанка била измамена за пет илјади евра од лажен лекар, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 21 часот во ОВР - Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена, појаснија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/вј/
Фото: МИА архива