Повици за бојкот на продавниците поради високите цени и во Босна и Херцеговина
- Неформална група ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи да ги бојкотираат продавниците утре поради високите цени на основните намирници.

Сараево, 30 јануари 2025 (МИА) - Неформална група ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи да ги бојкотираат продавниците утре поради високите цени на основните намирници.
Гордана Булиќ од Здружението на потрошувачи на Босна и Херцеговина изјави дека здружението не е иницијатор на бојкотот, но ги повика граѓаните да одговорат на повикот и да им кажат на трговците колкава моќ имаат потрошувачите, јавија сараевските медиуми.
Граѓаните се повикани да ги бојкотираат не само продавниците, туку и рестораните и бензинските пумпи. Истиот бојкот беше организиран и во Хрватска минатиот петок. зш/