Пленковиќ му честиташе на Трамп
- Му честитам на Трамп за неговата инаугурација како претседател на Соединетите држави и му посакувам многу успех, објави Пленковиќ на X

Загреб, 20 јануари 2025 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Му честитам на Трамп за неговата инаугурација како претседател на Соединетите држави и му посакувам многу успех, објави Пленковиќ на X.
- Со нетрпение очекуваме да работиме со претседателот Трамп и неговата администрација за понатамошно зајакнување на нашето стратешко партнерство со Соединетите држави. Ќе ја надоградуваме нашата силна соработка на военото и енергетското поле и ќе продолжиме да ги подобруваме економските можности и размената во туризмот, напиша Пленковиќ објавувајќи фотографија од заклетвата на Трамп за 47-ми американски претседател.