• петок, 21 февруари 2025

Писториус: Германија ќе го штити воздушниот простор на Полска

Писториус: Германија ќе го штити воздушниот простор на Полска

Варшава, 23 јануари 2025 (МИА) – Германија летово ќе испрати авиони „Јурофајтер“ (Eurofighter) во Полска, за да помогне во заштитата на воздушниот простор на источното крило на НАТО, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на посетата на полскиот воен аеродром Јасионка.

Тој додаде дека два система Патриот ќе бидат распоредени во југоисточна Полска и од 27 јануари ќе бидат целосно оперативни. Системите Патриот ќе го штитат воздушниот простор во регионот шест месеци. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан